Search

„Беса“: Власта потфрли во реформирањето на главниот столб на државата – судството

Патувањето на Северна Македонија кон Европската Унија се отежнува секој ден и тоа не заради условите који се поставуваат, туку повеќе заради вина на оваа владина гарнитура, која падна на испитот што се однесува во спроведување на реформите и поставување на европски стандарди во државата и општеството, обвини движењето Беса.

„Читајќи го внимателно “НОН-ПЕЈПЕРОТ” доставен од Франција и објавен од некои медиуми во земјата, може да констатираме дека патот за зачленување во ЕУ е тежок но не е невозможен. За жал, ова владино мнозинство, потфрли во реформирање на главниот столб во државата, тоа е судството. Заради тоа, уште еднаш станува неминовен предлогот на Движењето Беса, за основање на државна комисија за реформа во судсвото, комисија каде што директно и со одлучувачко право ќе учествуваат и експерти од САД и ЕУ. Оваа комисија не само што ќе спроведе квалитативна и суштествена реформа, туку истовремено ќе треба да ја заокружи својата работа со остварување на целосен ветинг во сите нивоа на судсвото и обвинителство. Што се однесува во другите столбови за кои се бара хармонизирање на стандардите и европските вредности, цениме дека треба да се аплицира сличен модел со гореспоменетата комисија, бидејќи ова е единствениот пат кој гарантира дека државата ќе оди напред спроведувајќи суштесвени реформи со што ќе се олесни и ќе стане посигурен патот кон ЕУ.

Впрочем, реформите во сите државни сегменти треба да ги спроведеме заради самите себеси и иднината на државата, но за жал уште еднаш треба да повториме дека исто како претходната и оваа влада нема капацитети да ги понесе реформските процеси бидејќи сеуште не се спремни да расчистат со криминалот и корупцијата во своите редови нешто што не е во склад со европските стандарди и вредности“ соопшти движењето Беса.

Треба да знаете
Последни објави