Search

БЕСА бара одговор од Алијанса за Албанците што се случи со трипартиската средба

Јавноста е во oчекување на една опозициона коалиција, која не само што треба да биде победничка на изборите што ќе се одржат на 12 април, туку пред сè треба да претставува промена во пристапот на владеењето и самото владеење, особено кај Албанците, соопшти БЕСА.

Според партијата, помина скоро еден месец откако Движењето БЕСА, со одлука на централното раководство, ја прифати понудата на Алијансата за Албанците за трипартиска коалиција и средба.

„Оваа иницијатива не доби завршница, па затоа денес јавно бараме од Алијансата за Албанците да одговори на јавноста за тоа што се случи со трипартиската соработка? Дали овој процес пропаднал или не, бидејки ние и целокупната јавност мора да ја знаеме вистината и овој одговор треба да го даде Алијансата за Албанците како иницијатор за трипартиска коалиција.
Имајќи ги предвид овие принципи, Движењето БЕСА покажа политичка зрелост и толеранција со единствена причина да не ја убие надежта на граѓаните кои со огромна поддршка ги поддржуваат политиките на албанската опозиција од 2016 година или кажано на друг начин сакаат да ги казнат погрешните политики на ДУИ“, се вели во соопштението во кое се додава:

„Сакаме да ја информираме јавноста и граѓаните дека дојдовме до точката каде што се сомневаме дека се злоупотребува нашата искреност, коректност и транспарентноста и тоа што е најлошо од целата оваа долготрајна ситуација е што поддржувачите на албанската опозицијата по секоја цена сакаат да се создаде победничка опција што ќе ја испрати ДУИ во опозиција и кај Албанците да се врати надежта со поинакво владеење по 12 април“.

Треба да знаете
Последни објави