Search

Берово, Пехчево и Кочани на нозе: Оставка на Заев, доста ни е од срамот и предавството, македонскиот јазик, идентитет и историја се нашето минато и нашата иднина

Народот се буди, бара оствака на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување, порача денеска Мане Јаковлевски на протестот Оставка на Заев слобода на народот пред граѓаните во Пехчево.

Пртести на ВМРО-ДПМНЕ се одвиваат во 20 градови а граѓаните се помасовно излегуваат и бараат неотповиклива оставка на Зоран Заев, бидејќи како што веат друга држава немаат, Македонија им е единствена татковина и тука сакат да ја градат својата и иднината на своите деца.

Претседателот на УМС Сергеј Попов, на протест во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно како што рече ние младите сакаме достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нуди СДСМ и Заев.

Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нуди власта и Заев, распродажба на македонскиот јазик и историја, вели Попов.

На ист став се и граѓаните на општина Кочани, а пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков пред присутните граѓани на протестот изјави дека нема откажување се додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците.

Остануваме на улиците, колку сме толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минатот, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат овде. Зоран Заев мора да си замине, за Македонија да оди напред. Доста ние од поразите и неуспесите. Доста е со виткање на кичма, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна, изјави Лефков.

Треба да знаете
Последни објави