Search

Беровец со „пунто“ се забил во бетонски столб

Беровец со автомобил се забил во бетонски столб, ноќеска во Берово, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 1.30 часот на улица Моша Пијаде. Тогаш Г.К.(27) од село Русиново изгубил контрола врз автомобилот „фиат пунто“ и удрил во бетонски столб.

Возачот со тешки повреди бил пренесен во Здравствен дом– Берово, а потоа префрлен во Клиничката болница Штип. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово.

Треба да знаете
Последни објави