Search

Берни Еклстон уапсен за поседување нелегално оружје во Бразил

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон (91 година), е уапсен во средата вечер во Бразил поради нелегално поседување оружје додека се качувал во приватен авион на лет за Швајцарија, соопшти денеска бразилската полиција.

Во багажот на Еклстон полицијата пронашла пиштол за кој долгогодишниот шеф на Формула 1 не поседувал документи.

Еклстон и признал на полицијата дека поседува пиштол, но додал оти не знаел дека оружјето се наоѓа во неговиот багаж.

Локалните медиуми јавија дека Еклстон е пуштен на слобода, откако платил кауција.

Еклстон престојуваше неколку недели во Бразил каде имаше состанок и со трикратниот светски првак во Ф1 Нелсон Пике.

Треба да знаете
Последни објави