Search

Бернардиќ поднесе оставка по изборниот пораз на социјалдемократите во Хрватска

Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ денеска поднесе оставка по изборниот дебакл на Рестарт коалицијата на таа опозициска партија.

Бернардиќ на прес-конференција, по седницата на Претседателството на СДП, рече дека за лидер на партијата ќе бидат распишани избори и дека тој нема да се кандидира.

– До изборите, вршител на должноста претседател на СДП ќе биде Златко Комадина – рече Бернардиќ.

Според сѐ уште неофицијалните резултати од изборите, коалицијата „Рестарт“ освои 41 место во хрватскиот парламент, иако предизборните анкети укажуваа дека ќе биде победник. 

Треба да знаете
Последни објави