Search

Берлускони ја откри главната цел на неговиот нов клуб

Поранешниот италијански премиер и екс сопственик на Милан, Силвио Берлускони ги откри амбициите и целта на неговиот нов клуб Монца.

Берлускони неодамна го купи составот од Серија Ц со тоа што имаше одредени дилеми за тоа која е целта и дали тимот ќе има висока поставена цел. На ова прашање директен одговор даде токму дон Силвио кој сака во рок од неколку години Монца да игра во елитата и да се соочи со Милан.

– Целта дефинитивно е Серија А. Сакам ова да биде тим за пример, сите млади и Италијанци, момци кои се добро едуцирани и лојални на теренот. Дерби со Милан за три години? Тоа не е сон, јас сум фан на Милан од моето раѓање, – порача Берлускони.

Треба да знаете
Последни објави