Search

Берлускони се враќа во политиката: Се кандидира за Европскиот парламент

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кому му истече забраната за извршување јавна функција, соопшти дека се кандидира во рамки на неговата партија „Форца Италија“ за мајските избори во Европскиот парламент, пренесе „АП“.

Берлускони имаше забрана за извршување јавна функција речиси пет години поради пресудата за злоупотреба на данок.

Судот минатата година, наведувајќи го неговото добро однесување, пресуди дека тој повторно може да се кандидира.

Треба да знаете
Последни објави