Search

Берлускони роденденот го прославува во домашна изолација

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони го слави својот 84. роденден во домашна изолација, бидејќи сè уште е заразен со коронавирус.

Портпаролот на неговата партија „Напред Италија“ изјави дека Берлускони бил изолиран во неговата вила во Аркор кај Милано со 30-годишната девојка Марта Фасчини, која исто така има коронавирус.

„Денес е роденден на нашиот претседател: Се најдобро Силвио“, објави неговата партија на „Фејсбук“.

Берлускони потврди дека има коронавирус на почетокот на септември и беше хоспитализиран скоро две недели поради тешка форма на пневмонија поврзана со коронавирус. Ветеранот во политиката и медиумски тајкун рече дека го поминал можеби најтешкиот предизвик во неговиот живот.

„Гордо можам да кажам дури и сега дека се извлеков“, додаде тој.

Тој беше пуштен од болница на 14 септември, и оттогаш е во самоизолација. Закрепнувањето на Берлускони ќе заврши по два последователни негативни теста.

Треба да знаете
Последни објави