Search

Берлускони најави дека ќе се кандидира за Европскиот парламент

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони ја објави својата кандидатура за престојните избори за Европскиот парламент, кои треба да се одржат меѓу 23 и 26 мај.

Берлускони, кој е на национална турнеја пред административните избори што следниот месец ќе се одржат во Италија, им порача на луѓето од Кварту, Сардинија дека има намера да се кандидира на изборите, пренесува „Еуроњуз“.

„Со моето знаење, искуство и убедливост, мислам дека можам да одиграм важна улога и да ги натерам европските граѓани да разберат дека ризикуваме да се оддалечиме од западните вредности“, рече тој за време на обраќањето.

Треба да знаете
Последни објави