Search

Берлускони и Галијани комплетираа рекорден трансфер

Ако го повторат дел од она што го направија со Милан и со Монца, Адријано Галијани и Силвио Берлускони сигурно ќе бидат пресреќни.

Галијани и Берлускони некогаш го направија Милан најуспешен фудбалски клуб во светот, а сега работат заедно во Монца.

Неодамна добија промоција во Серија А и евидентно е дека не сакаат да играат минлива епизода во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал.

Во саботата наутро медиумите на Апенините ја пренесоа веста за рекордниот трансфер на Монца вреден 10 милиони евра.

Имено, нов фудбалер на Монца ќе стане Николо Касале, кој доаѓа од Верона за 10 милиони евра со бонуси.

Касалеа е силно посакуван и од Лацио, но Монца беше побрза, што доволно говори колку е финансиски стабилен и силен новиот член на Серија А за да им се спротивстави на поголемите клубови.

Во текот на неделата нов играч на Монца стана Андреа Ранокија, кој пристигна бесплатно по истекот на договорот со Интер.

Треба да знаете
Последни објави