Search

Берлускони им вети проститутки на играчите ако го победат Јувентус: Добив 100 повици

Силвио Берлускони (86), сопственикот на италијанскиот прволигаш Монца, на божиќната вечера на клубот им дал контроверзно ветување на играчите.

Тој го зеде микрофонот и рече: „Најдовме добар, пријателски настроен тренер кој може да ги мотивира нашите момчиња. Им дадов дополнителен мотив на играчите велејќи дека ако го победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, ќе им испратам автобус полн со проститутки во соблекувалната.“. Монца во неделата го победи Јувентус со 2:0.

Со головите на Патрик Сиурио и Дани Мота во првото полувреме, Монца го престигна Јувентус на клупското рангирање во Серија А. Сега е 11-ти со 25 бода, односно два повеќе од 12-тиот Јувентус, кој беше казнет на почетокот од оваа година со одземање на 15 бодови поради финансиска измама.

Берлускони се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година. Тоа и самиот го потврди во интервју за La Repubblica, признавајќи дека автобусот со проститутки бил спомнат и тоа не само еднаш. „Веќе примив 100 телефонски повици со кои се бара да си го одржам зборот“, рече тој.

Во таа насока било и соопштението на администраторот на клупската социјална мрежа, или барем така италијански извори ја толкуваат фотографијата објавена на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави