Search

Берлускони е за избори, ако не се формира влада на десниот центар

Опозициската партија „Форца Италија“ е за одржување на избори доколку не е можно да се формира влада на десниот центар, рече лидерот на партијата Силвио Берлускони.

Поранешниот премиер и медиски тајкун Берлускони се обрати по повод падот на владата на коалицијата „Пет ѕвезди“ и „Лига“, пренесува „Ројтерс“.

Берлускони се состана со италијанскиот претседател Серхио Матарел, кој по консултациите со политичките лидери, треба да одлучи дали да свика предвремени избори или да му довери некому мандат да формира нова влада.

Треба да знаете
Последни објави