Search

Берлин: Франција да го отстапи на ЕУ постојаното место во Советот за безбедност на ОН

Германскиот вицеканцелар Олаф Шолц денеска изјави дека постојаното место на Франција во Советот за безбедност на ОН треба да стане европско, за ЕУ да може „да зборува со еден глас”.

– Ако сериозно ја сфаќаме Европската унија, ЕУ мора да зборува со еден глас во Советот за безбедност на ОН. На среднорочен план местото на Франција треба да се трансформира во место на ЕУ, рече Шолц, кој е и министер за финансии.

Тој говореше за иднината на Европа во Хумболт Универзитетот во Берлин, јави ДПА.

– Во замена за постојаното место на Франција, на функцијата шеф на делегацијата на Европската унија во ОН може да биде резервирано за Французин, смета Шолц.

Тој сепак, призна дека не е лесно да се оствари оваа идеја.

– Свесен сум дека потребно е уште многу работаа за да биде убеден Париз, додаде германскиот политичар, но додаде дека тоа е „храбра и мудра цел”.

Треба да знаете
Последни објави