Search

Берлин бара Косово да ги укине тарифите за Србија

Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Маас, побара од Косово да ја укине или барем да ја суспендира имплементацијата на 100-отстотните тарифи што Приштина ги наметна за српските производи, пренесува РТ.

Говорејќи во Париз, на состанокот за спречување на ширењето на мало оружје од Балканот, Маас рече дека, исто така, жали за повлекувањето на Србите од владата во северниот косовски регион околу Митровица.

Мора итно да се спречи понатамошна ескалација”, рече Маас во подготвениот текст на неговите забелешки.

Тензиите меѓу Косово и Србија се зголемија во последниве неколку месеци откако Белград го блокираше членството на Приштина во Интерпол, објави Ројтерс. Минатата недела, Косово рече дека ќе ги продолжи 100-отстотните тарифи што ги наметна за српските производи во ноември додека Белград не ја признае Приштина. Косово, исто така, се спротивстави на повиците на ЕУ и САД за укинување на тарифите.

Треба да знаете
Последни објави