Search

Бен Афлек ја заштити Џенифер од човек кој премногу ѝ се доближил

Таблоидите пишуваат за мал инцидент на меѓународниот аеродром Марко Поло во Венеција, каде агресивен фан на Џенифер Лопез го заобиколил обезбедувањето во обид да направи селфи со неа.

Човекот без заштитна маска за лице, кој очигледно не ги почитувал правилата, премногу ѝ се приближил на Џенифер, но Бен веднаш застанал да ја одбрани.

На фотографиите од инцидентот се гледа како актерот веднаш го оттурнал човекот за да ја заштити својата партнерка, а потоа оставил обезбедувањето да си ја заврши својата работа.

Пејачката и актерка (52) се повлекува назад зад Бен, додека тој реагира да ја заштити пред нивниот телохранител да дојде поблиску.

По интервенција на обезбедувањето, кое го фатило агресивниот фан за зглобовите на рацете и го одтурнало подалеку од Џенифер и Бен, тие продолжиле да се пробивааа низ аеродромот, избегнувајќи контакт со очите со минувачите.

Инцидентот се случи само еден ден откако славниот пар за првпат официјално се појави заедно на свечена церемонија на филсмиот фестивал во Венеција.

Треба да знаете
Последни објави