Search

Бенчиќ против Квитова за трофејот во Дубаи

Петра Квитова од Чешка и Белинда Бенчиќ од Швајцарија ќе играат во финалето на ВТА турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Ова е епилогот по денешните полуфинални мечеви во кои Квитова ја совлада Су-Веи Кси од Тајван, додека Бенчиќ беше поуспешна од Елина Свитолина од Украина.

Резултатот на двата меча беше 2:1.

Финалето е закажано за утре со почеток во 16 часот.

ВТА турнирот во Обединетите Арапски Емирати се игра з анаграден фонд од 2,5 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави