Search

Бентли го претстави својот најбрз теренец досега

Компанијата Бентли го најави новиот брзински модел – Бентајга Спид, и според автопроизводителот, ова е најбрзиот теренец на светот.

Максималната брзина на автомобилот е 306 километри на час. За споредба, кај Ламборџини Урус, кој досега се сметаше за најбрзо теренско возило, тој параметар изнесува 305 километри на час.

Бентајга Спид својата премиера ќе ја има на Меѓународниот автосалон во Женева, каде компанијата ќе го претстави и својот нов спортски модел што засега се држи во тајност.

Треба да знаете
Последни објави