Search

Бени Шаќири не стана директор на МКЦ: На следниот конкурс повторно ќе си конкурирам!

Рок музичарот Бени Шаќири не стана нов директор на Младинскиот културен центар, како што се шпекулираше подолг период. Според градоначалникот Петре Шилегов, истиот бил поништен и на функцијата в.д. директор останувал сегашниот, продуцентот Русе Арсов.

Кога во месец февруари за медиумите Бени ја потврди веста дека аплицирал на конкурсот за директор на МКЦ, истата наиде на бурни реакции кај дел од културните работници.

Во отворено писмо до премиерот Зоран Заев тие апелираа да не се прават промени во владејачката структура на МКЦ во Скопје. Обвинија дека наводно, Бени веќе ја прославувал новата функција, директор во МКЦ и посочија дека тој го нема потребното искуство да раководи со институцијата.

Музичарот за „Фокус” тогаш изјави дека нема да го коментира писмото. Денес, на прашањето дали можеби е разочаран поради поништувањето на конкурсот, вели дека нема место за разочарувања.

-Не, секако дека не сум разочаран, тоа е одлука на градоначалникот и треба да се почитува. Дали е исправна или не, треба да видиме, времето ќе покаже… На следниот конкурс повторно ќе си конкурирам, затоа што тоа е мое законско и граѓанско право, но и обврска – ни изјави Шаќири.

Треба да знаете
Последни објави