Search

Бенитез: Мојот пресврт во Истанбул беше поголем од оној против Барселона

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Рафаел Бенитез не се согласува со тврдењата дека Ливерпул го направиле најголемиот пресврт во историјата, победувајќи ја Барселона со 4:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите пред неколку дена. „Црвените” изгубија на „Камп Ноу” со 3:0, а во реванш дуелот играа без Мохамед Салах и Роберто Фирмино, но тоа не ги спречи да ги декласираат Лионел Меси и компанија.

Според Бенитез, најголемиот пресврт на Ливерпул останува оној од финалето на Лигата на шампионите против Милан во 2005 година. Тогаш предводениот од шпанскиот стратег тим губеше со 0:3 на полувремето, но по неверојатниот втор дел го израмнија резултатот, а потоа на пенали го освоија својот петти европски трофеј.

– Мојот пресврт беше подобар, тоа е јасно. Имаше и анкет на „Скај Спортс”, која покажа дека повеќето навивачи го имаат исто мислење. Не постои начин натпреварот против Барса да го замени финалето во Истанбул. Во 2005 година, имавме само 45 минути на располагање, губевме 0:3 од Милан, кој беше најдобриот тим во светот во тоа време. На паузата, нашите обожаватели пееја, а оние на Милан веќе ја славеа победата. Потоа излеговме и постигнавме три гола за 6 минути, Дудек направи феноменална одбрана, за да одиме во продолженија и пенали. Точно е дека тимот одигра многу силен меч против Барселона, но финалето во Истанбул е сосема поинакво, изјави менаџерот на Њукасл.

Треба да знаете
Последни објави