Search

Бензема третпат не му дава гол од пенал на голманот на Осасуна

Актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид синоќа за првпат не победи сезонава и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ против Осасуна (1:1). Овој неочекуван кикс најмногу го боли Карим Бензема, кој не искористи пенал во 79 минута кој можеше да им  донесе нов триумф на „кралевите“.

Ова беше трет кикс на Бензема против ист голман, во рок од пет и пол месеци. Бензема вчера на ја надмина психолошката бариера наметната од 20 април оваа година, кога голманот Серхио Ерера двапати му одбрани пенал и тоа изведен на исто место, голманската десна страна. Бензам не реализираше од белата точка, но Реал тогаш го доби мечот со 3:1.

Ерера синоќа сакаше да си поигра со концентрацијата и со психата на Бензема, па пред да го изведе казнениот удар, неколку секунди со рака му покажуваше свое десно, на страната каде што двапати му одбрани пенал во април. Овој пат не му одбрани, но деконцентрацијата на Французинот си го направи своето и тој ја погоди пречката.

Треба да знаете
Последни објави