Search

Бензема се приклучи на листата повредени фудбалери на Реал

Центарфорот на Реал Мадрид, Карим Бензема скрши прст на раката на мечот со Бетис и им се придружи на повредените играчи на „кралскиот клуб“, потврди тренерот Сантијаго Солари.

 

Бензема синоќешниот натпревар во Севиља го заврши уште по првото полувреме.

Засега не е познато колку долго Французинот ќе биде надвор од теренот.

Претходно на листата повредени фудбалери на Реал се најдоа Герет Бејл, Маријано Дијаз, Тони Крос, Марко Асенсио и Маркос Љоренте.

Треба да знаете
Последни објави