Search

Бензема незнае да му даде гол на Навас

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, нема убави сеќавања од меѓусебните дуели против ПСЖ, клубот на кој Реал ќе му гостува утре во првото коло од Лигата на шампионите.

Искусниот француски голгетер, во кариерата одиграл 10 меча против  „светците” и има постигнато само еден гол, и тоа на првиот дуел, во јули 2006 година, кога го носеше дресот на Лион. Како член на Реал, Бензема двапати се соочи со ПСЖ и не успеа да се запише во листата на стрелци.

Но, мрежата на ПСЖ не е единствениот проблем за Бензема. На голот на францускиот првак ќе биде Кејлор Навас, голман на кој Бензема му нема дадено гол на двата официјални натпревари на кои се соочиле. Навас и Бензема шест сезони беа соиграчи во Реал.

Треба да знаете
Последни објави