Search

Бензема и Рамос нема да играат против Интер

Реал Мадрид на официјалната веб-страница го објави составот на тимот за натпреварот од 4. коло во  фудбалската Лигата на шампиони против Интер, кој ќе се одигра утре во Милано од 21 часот.

Напаѓачот Карим Бензема и дефанзивецот Серхио Рамос не се вклучени во составот поради повреди, додека дефанзивецот Едер Милитау е позитивен на коронавирус. Изоставен е и напаѓачот Лука Јовиќ, додека повредени се играчот за врска Федерико Валверде и дефанзивецот Алваро Одриосола.

Реал Мадрид со четири бода е трет во Б-групата, Интер со два бода е на последната позиција.

 

Треба да знаете
Последни објави