Search

Бензема верува дека не е далеку од „Златната топка“

„Франс Фудбал“ кон крајот на идниот месец ќе ја одржи церемонијата за доделување на признанието „Златната топка“ намената за најдобриот фудбалер за годинава што изминува. Поради пандемијата наметната од коронавирусот минатата година никој не ја доби „Златната топка“.

Неодамна беше објавена листата од 30 фудбалери, кандидати за ова престижно индивидуално признание за кои ќе се гласа кој ќе биде најдобриот. Според многумина напаѓачот на шпанскиот Рела Мадрид и повратник во француската репрезентација Карим Бензема е еден кандидатите кои се во потесниот круг да го понесат ова признание.

Бензема игра на високо ниво и дел од јавноста смета дека заслужува да ја освои „Златната топка“, но конкуренцијата секако е голема. Сега Французинот за првпат зборуваше за оваа награда.

-Секако дека како дете сонував да ја освојам. Моите идоли Роналдо и Зидан како играчи на Реал Мадрид ја освојуваа „Златната топка“. Тоа е некоја „ситница“ за која и јас размислувам. Верувам дека не сум далеку од „Златната топка“, изјави Бензема.

Во досегашниот дел од сезоната Бензема одигра 10 натпревари во сите натпреварувања, постигна 10 голови и подели седум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави