Search

Белоруските полицајци намерно прегазувани од автомобили во протестите

Најмалку осум инциденти во кои белоруските полицајци биле намерно удрени од автомобили во движење биле регистрирани во различни градови во Белорусија изминатите два дена, објави во новинската агенција БелТА.

Според БелТА, полициските службеници ги сметаат овие инциденти за внимателно испланиран настан. Инцидентите се случија во главниот град Минск, Барановичи во западна Белорусија и во Зодино, град околу 50 км североисточно од Минск.

На 9 август во Белорусија се одржаа претседателски избори. Прелиминарните резултати покажуваат дека актуелниот претседател Александар Лукашенко си обезбеди реизбор со 80,08 отсто од гласовите, а неговиот најголем ривал, Светлана Тикановскаја, доби 10,09 отсто од гласовите. Другите тројца кандидати не успеаја да добијат повеќе од два отсто.

Откако резултатите од излезните анкети беа објавени доцна на 9 август, во многу градови низ целата земја избувнаа масовни протести кои во некои случаи се претворија во судири со полицијата. Министерство за внатрешни работи соопшти дека биле приведени околу 3.000 луѓе, повредени се десетици полицајци и демонстранти.

Треба да знаете
Последни објави