Search

Белоруските власти ја прекинаа работата на независен информативен портал

Белоруските власти ја суспендираа на три месеци работата на независниот сајт за вести Tut.by, кој активно го покрива протестното движење против претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Белоруското Министерство за информации соопшти дека работата на сајтот е прекината од 1 октомври до 30 декември.

Привремениот прекин на работата на страницата е донесен во судската постапка што ја започна тоа Министерство поради „информации чие емитување е забрането”.

Во Белорусија има протести од почетокот на август по реизборот на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Главни опозициски личности и новинари се уапсени или принудени на егзил.

Порталот Tut.by, основан во 2000 година, е главната независна медиумска организација во Белорусија, која и претходно беше предмет на притисок од властите. Веб-страницата ги пренесува протестите, емитува видеа и фотографии од собирите на опозицијата и жртвите на репресијата.

Tut.by соопшти дека од 1 октомври го губи статусот на медиум што му овозможува легално да пренесува информации од конфликтни и ризични зони за време на големите протести и други важни социјални настани во Белорусија. Додава дека ќе продолжи да работи како обична интернет-страница.

Треба да знаете
Последни објави