Search

Белоруската полиција отвори оган кон демонстранти во Брест, за кои тврди дека биле вооружени

Полицијата во Брест, во југозападна Белорусија, денеска отворила оган кон вооружени граѓани кои ги нападнале, соопшти белоруското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека по испуканите куршуми во воздух не запреле нападите, па полицајците за да се запштитат отвориле оган и повредиле еден напаѓач.

Белоруското МВР, исто така соопшти дека непознат напаѓач фрлил молотов коктел на полициско возило во подрачјето на Брест.

Во протестите кои избија по победата на претседателот Александар Лукашенко, која е оспорена од опозицијата, приведени се повеќе од 6000 луѓе, од кои 1000 во последните 24 часа.

Белоруската група за заштита на човековите права Вјазна соопшти дека голем број од демонстрантите кои се повредени се плашат да побараат лекарска помош. – Имаме информации дека властите побарале од медицинскиот персонал да ги пријават сите повреди во полиција. А лекарите на протестирачите гледаат не како на жртви, туку како непријатели на Белорусија, изјави адвокатот на Вјазна Павел Сапелко.

Треба да знаете
Последни објави