Search

Белорусија тврди дека има докази за странско мешање, ЕУ се закани со санкции

Белорусија е подготвена за конструктивен дијалог со странските партнери и може да обезбеди убедливи факти за странско мешање во актуелната ситуација во земјата, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи. Од друга страна, Европската унија денеска оцени дека претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои нов мандат, не биле „ниту слободни, ниту фер”.

-Ние предлагаме објективно и без емоции да се разбере што, како и зошто се случува денес во Белорусија. Ние сме подготвени за конструктивен и што е најважно – објективен дијалог на оваа тема со сите странски партнери. Ние сме подготвени да презентираме непобитни факти кои ја откриваат позадината на тековни настани, вклучително и интервенција од странство, се вели во соопштението на белоруското министерство за надворешни работи.

Белоруското МНР го оквалификува како неприфатливи изјавите на серија европски лидери за претседателските избори во земјата.

Високиот претставник за безбадносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, пак, од името на 27-те држави членки, се закани дека Брисел „ќе преземе мерки против одговорните за насилството, неоправданите апсења и фалсификување на изборните резултати” во Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави