Search

Белиот мантил денес е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања

Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.
Белиот мантил денеска е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања.
Бел мантил нека остават на белиот дворец, за да ги потсетува дека за 11 години ништо не направија за докторите. Напротив, системски се уништуваше јавното здравство и се погазуваа правата на пациентите.
Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.
Огромна е разликата меѓу очајното, некфорилски настроено ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на СДСМ.
За само три години Владата предводена од СДСМ основната плата на лекарите специјалисти ја покачи за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, а за 5% на здравствените соработници и на помошно-техничкиот персонал.
Ова беше незамисливо за време на владеењето на криминалната и режимска ВМРО-ДПМНЕ. Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго таму и ќе останат.

Треба да знаете
Последни објави