Search

Белгија одлучи да го заврши првенството, Бриж го прогласи за првак

Во ситуација кога  УЕФА во договор со националните федерации бара модус како да ги приведе кон крај првенствата, Белгија одлучи да го симне од дневен ред прекинатото првенство. За шампион го прогласи лидерот Бриж.

Екипата на Бриж во моментот кога е беше прекинато првенството на почетокот од минатиот месец беше првопласирана со 70 бода, 15 повеќе од Гент. Со оваа одлука Бриж го доби правото дирекно да се пласира во Лигата на шампионите, додека Гент како второпалсиран ќе игра квалификации. Во Лига Европа, белгискиот фудбал ќе го претставуваат: Шарлероа, Антверпен и Стандард.
Челниците на Фудбалскиот сојуз на Белгија  за комплетно да ја затвората оваа сезона треба да донесат одлука дали ќе се игра финалето од националниот Куп.

Во Европа сите фудбалски превеснтва се во мирување поради пандемијата со коронавирусот. Единствено се игра во Европа се игра во Белорусија каде штотуку започна сезоната.

Треба да знаете
Последни објави