Search

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест за Ковид-19, со што ќе бидат заменети најчесто користените брисеви.

Предвидено е околу 30.000 студенти и професори од Универзитетот во Лијеж да ги користат домашните тестови за самотестирање. Tие треба да носат епрувети со примерок од плунката секоја недела во универзитетската лабораторија до декември, а резултатите да ги добијат истиот ден.

Како што изјавија белгиските истражувачи, пилот програмата може да се примени и на другите универзитети, училиштата или компаниите ако се покаже успешна во брзото откривање на жариштата на инфекцијата помеѓу студентите.

Според претходно објавена студија на Белгиската агенција за лекови, тестовите на плунката во голема мера би можеле да го зголемат капацитетот на тестирање, а резултатите се добиваат побрзо отколку кај класичните тестови, но се помалку прецизни, бидејќи е поверојатно да биде откриен вирусот во носот или задниот дел на грлото, отколку во плунката.

Со назалните тестови вирусот на Ковид-19 се открива во 80 отсто од случаите, додека процентот при тесовите со плунка изнесува 60.

Треба да знаете
Последни објави