Search

Белгиски Ф-16 се урна во западниот дел на Франција

Француските власти денеска соопштија дека белгиски борбен авион Ф-16 се урнал во западниот дел на Франција и оти еден од пилотите паднал врз далновод. Авионот се урнал вчера, во близина на градот Плувиње.

Странските агенции пренесуваат дека едниот од пилотите безбедно се приземјил, додека другиот со падобранот се закачил на висок далекуводен електричен столб и оти екипи работат на негово симнување. На подрачјето каде се урна авионот, никој не е повреден.

Портпарол на полицијата изјави дека 100 полицајци пристигнале на местото на несреќата и го испитуваат случајот.

Треба да знаете
Последни објави