Search

Белгиски суд го одби барањето на Пуџдемон и Комин

Суд во Белгија одби да одговори на барањето на поранешните каталонски лидери Карлес Пуџдемон и Тони Комин кои бараа да се поништи европското барање за нивно екстрадирање во Шпанија.

Постапката е прекината додека Европскиот парламент не донесе одлука на двајцата, како членови на ЕП, да им го укине имунитетот.

Поранешниот каталонски лидер и неговиот министер за здравство од судот бараа да го отфрли евро налогот за нивно екстрадирање, но одговорот на белгискиот суд беше негативен, пренесе „Ел паис”.

Весникот наведува дека тоа значи дека евро налогот ќе биде замрзнат.

Укинувањето на имунитетот на двајцата каталонски лидери, се додава, е во рацете на Европскиот парламент кој таа одлука мора прво да ја одобри на седница на Одборот за правни работи, а потоа да се усвои во ЕП со мнозинство на гласови.

Треба да знаете
Последни објави