Search

Белгиски премиер: Притискаме копче за пауза, цел е ограничувње на контактите

– Белгија денеска ги заостри рестриктивните мерки, што вклучуваат забрана за присуство на јавноста на спортски настани, затворање на тематски паркови, со цел да се сузбие Ковид-19. Премиерот рече дека целта е да се ограничат контактите што не се потребни.

Исто така, бројот на луѓе на културни настани е ограничен, така што ќе има најмногу 200 луѓе во театри, концертни сали и кина. Ограничувањата ќе бидат на сила до 19 ноември.

– Го притискаме копчето за пауза … Имаме една цел, а тоа е да ги ограничиме контактите што не се потребни, рече белгискиот премиер Александар де Кро на прес-конференција.

Белгија има втора највисока стапка на инфекција по глава на жител во Европа по Чешка, а кафулињата, баровите и рестораните се веќе затворени, а полицискиот час е воведен преку ноќ. Бројот на новозаболени вчера беше повеќе од 10.500.

Треба да знаете
Последни објави