Search

Белгискиот аеродром Шарлероа повторно ќе биде отворен од 15 јуни

Иако сѐ уште нема одлука за отворање на границите во Белгија, аеродромот Шарлероа најави дека ќе отвори од 15 јуни, но со низа безбедносни мерки за патниците, јави дописничката на МИА од Брисел.

Патниците ќе мораат да носат маска што ги покрива устата и носот секаде во аеродромот и да почитуваат физичка дистанца.

Аеродромот ќе инсталира и шатор каде ќе се мери телесната температура на лицата кои сакаат да влезат, мерењето ќе го врши Црвениот крст.

Управата на аеродромот препорачува сите резервации да се прават преку интернет, вклучително и за паркингот. Аеродромот е затворен од 24 март поради пандемијата со новиот коронавирусот.

Белгиските власти сметаат дека начелно овие нови мерки минимум ќе чинат 170.000 евра.

Аеродромот планираше да отвори повторно на почетокот на мај, но мораше да ја одложи одлуката на барање на властите.

Треба да знаете
Последни објави