Search

Бела Хадид си ужива на сонце на свој начин

Таа поголем дел од времето додека е во карантин го поминува пред камера.

Супермоделот Бела Хадид денес повторно објави фотографии на кои позира во секси зелен костим за капење.

23-годишната ѕвезда на модните писти го покажа својот тониран рамен стомак, бакната од сонцето, во опуштено селфи кое го додаде во галеријата со фотогрфаии.

Покрај сексипилните селфија таа постираше снимки од коњи кои лутаат низ пасиште, а манекенката на „Вог“ замижува на јакото сонце во селфи во кое нема ни трага од нејзиниот костим за капење.

Бела, која наскоро ќе стане тетка на бебето на постарата сестра Гиџи, во декември 2016 беше прогласена за модел на годината.

Треба да знаете
Последни објави