Search

Бела Хадид изгледа совршено и зад камера

Таа е исклучително успешна манекенка. Но, се чини дека Бела Хадид поседува вештини и зад камерата. Манекенката, 23, во средата објави фотографија на која таа снима со камера, а на себе носи  ектравагантен крзнен капут. Но, сите очи беа вперени на црно-белиот капут од крзно.

Иако беше целосно покриена, Бела сепак ја искористи можноста да ги покаже своите убиствени нозе и секси високи потпетици.

Бела најверојатно ќе се врати на работа откако ќе помине уште неколку дена на плажа, но очигледно е дека таа се забавува.

Манекенката неодамна беше во Мајами и Сент Бартс, каде цел ден беше во својот бикини на плажа. Таа не ги заборави своите следбеници на Инстаграм, и сподели низа фотографии од Сент Бартс.

Од Вог до Ел, прекрасната Бела ги краси насловните страни на некои од најголемите светски списанија.

Треба да знаете
Последни објави