Search

Бела ноќ на 10 локации во Скопје

Централниот настан од 16. издание на културната манифестација „бела ноќ“ во Скопје се одржува  пред СРЦ „Борис Трајковски“ каде ќе одекнуваат звуците од концертот „скопските евергрини“. Најпознатите скопските хитови ќе бидат изведени од најголемите македонски музички ѕвезди, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други во придружба на Баги Биг Бендот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Влезниците за „скопските евергрини“ пред СРЦ „Борис Трајковски“ и концертот на платото пред МКЦ се бесплатни.

Со почитување на мерките и препораките на министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од белата ноќ денеска почнаа од 19:00 часот и ќе траат до полноќ, а и работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за претходните изданија на белите ноќи.

Годинашното 16. издание ќе се одржи на десет локации со 23 настани мултимедијални проекти, ликовни изложби, тетатарски претстави, филмски проекции.

 

Треба да знаете
Последни објави