Search

Белата куќа: Трамп не го менува ставот за повлекувањето на трупите од Сирија

Претседателот на САД, Доналд Трамп сака да ја осигура безбедноста на американските трупи додека се повлекуваат од Сирија и не го менува својот став за повлекувањето на силите, соопшти „Белата куќа“.

Ова беше соопштено откако советникот на Трамп за национална безбедност, Џон Болтон, ги изнесе условите за повлекувањето кое би можело да потрае со месеци, пренесе „Ројтерс“.

„Претседателот не го промени својот став, но истовремено смета дека примарна цел му е да ја осигура безбедноста на нашите трупи, како и безбедноста на нашите сојузници“, изјави портпаролката на белата куќа за „Фокс њуз“.

Таа додаде дека Министерството за одбрана ќе излезе со оперативен план за безбедно повлекување на американската војска од Сирија.

Треба да знаете
Последни објави