Search

Белата куќа со закана до новинарот Си-ен-ен

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со укинување на акредитацијата за известување од Белата куќа на новинарот на Си-ен-ен, Џим Акоста.

Откако Федералниот судија во петокот нареди да му биде привремено вратена акредитацијата на Акоста, Белата куќа му испрати писмо на новинарот на Си-ен-ен, во кое наведува дека донеле прелиминарна одлука да му се укине акредитацијата, кога ќе истече судиската наредба, пренесе АП.

Белата куќа тврди дека Акоста не ги испочитувал основните стандарди на неодамнешната прес-конференција за новинари, на која изби расправија меѓу него и Трамп и поради тоа му се укинува акредитацијата.

Минатата недела судијата донесе одлука од ограничена природа, со која на Акоста привремено му се враќа акредитацијата.

Во меѓувреме, Си-ен-ен ја тужеше американската администрација поради кршење на првиот и петиот амандман од Уставот на САД.

Треба да знаете
Последни објави