Search

Белата куќа препорача Американците да носат маски во пандемијата

Американската администрација е подготвена да тргне по примерот на функционерите од сојузните држави и почна Американците да ги советува надвор од своите домови да носат заштитни маски, додека епидемијата на коронавирусот во САД е во полн ек, а бројот на мртви се зголемува на над 1.000 во само еден ден, јави ДПА. На брифинг во Белата куќа, Дебора Брикс, членка на претседателовиот Штаб за борба потив коронавирусот, изјави дек Центрите за контрола на болести во САД, (ЦДЦ) во текот на следните денови во препораките за заштита од заразата ќе го додадат и носењето заштитни маски. Брикс, меѓутоа, ги предупреди Американците, на кои им се препорачува да излегуваат само доколку навистина имаат итна потреба,  дека не смеат да развијат „лажно чуство на сигурност” дека маските целосно ќе ги заштитат од болеста на дишните патишта, со тоа што ќе им го прекријат лицето.И шефот на Штабот за превенција на коорнавирусот, потпретседателот Мајкл Пенс, на брифингот во Белата куќа изјави дека мерката за носење маски ќе биде донесена најдоцна за неколку дена, јави ДПА.

Претседателот Трамп, пак, одговарајќи на новинарско прашање на истиот брифинг, кажа дека „ луѓето можат да носат маски само ако тоа го сакаат”.

Бројката на жртви од коронавирусот во САД до доцна синоќа изнесуваше 5.887 лица, а на заразените во сите 50 сојузни американски држави надмина 243.000 лица.

Проценките на здравствените експерти на Белата куќа е дека дури во САД и да се воведе целосен карантин од Ковид-19  ќе умрат меѓу 100.000 и 240.000 лица

Администрацијата на Трамп и службите за јавно здравје досега ја отфрлаа нужноста за носење маски, тврдејќи на почетокот дека за здравите лица таквите мерки се непотребни, па дури и контрапродуктивни.

Треба да знаете
Последни објави