Search

Белата куќа побарала 10.000 војници за задушување на протестите

Белата куќа во текот на изминатава недела побарала 10.000 активни војници да излезат на улиците на Вашингтон и другите градови и да ги спречат протестите, но министерот за одбрана Марк Еспер и високите воени лица во Вашингтон и околината распоредија околу 1.600 војници. Околу 5.000 припадници на Националната гарда веќе беа распоредени таму, така што немаше потреба од учество на армијата, па војниците во четвртокот беа вратени во касарните, пренесува Си-Ен-Ен.

Началникот на Генераштабот Марк Мили, според кажувања на изворите, имал силно чувство дека прагот, информативно опишан како „тешка околност”, се уште не е преминат за претседателот легално да ја повика армијата на помош.

По насилствата во Вашингтон, Мили неколку пати разговарал со претставници на демократите во Конгресот, меѓу нив и со претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Иако не се познати деталите за неговите разговори со демократите, Мили во понеделникот вечерта имал многу напнат разговор со претседателот Трамп, тврдејќи му дека, и покрај заканите на претседателот, дека активните воени сили не се потребни за да ги задушат немирите во Вашингтон.

Од друга страна, иако Белата куќа ја потврди поддршката за Еспер, таквата одлука може да го чини позицијата во администрацијата.

Конгресот, неофицијално, двајцата ги критикуваше за прошетката со претседателот Трамп во црквата „Свети Јован”, а според извор близок до војската, Еспер и Мили многу жалеле што тоа си го дозволиле.

Еспер и претходно изјавуваше дека сака да се држи подалеку од политиката, но дека не секогаш тоа му успева, додека Мили се уште не се изјасни за заедничката прошетка со претседателот.

Треба да знаете
Последни објави