Search

Белата куќа објави нов пакет санкции против Северна Кореја

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан објави дека САД работат на нов пакет санкции насочени кон Северна Кореја.

Саливан изјави дека американската администрација спроведува политика на „притисок и дипломатија“ со цел да се постигне крајната цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, пренесува ТАСС.

Тој додава дека САД се свесни за предизвиците со кои се соочуваат и за тешкотиите во постигнувањето на крајната цел што ја делат со своите најблиски сојузници,пренесе Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави