Search

Белата куќа негира дека Трамп бил известен за понудите на руски разузнавачки служби за милитанти

Белата куќа негираше дека претседателот Доналд Трамп бил известен од американските разузнавачки информации дека руската војска им понудила награди на милитантите поврзани со талибанците за убиство на американски војници во Авганистан, додека кандидатот за претседател на демократите, Џо Бајден го критикуваше Трамп дека не презел акција против Москва.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека ниту претседателот ниту потпретседателот Мајк Пенс не биле известени за наводната награда на руското разузнавање.

Според Њујорк Тајмс, руската воена разузнавачка служба понудила награди за успешни напади врз американски и сојузнички трупи минатата година, како и дека исламските милитанти и нивните вооружени сојузници добиле пари на тој начин.

Њујорк Тајмс тврди дека Трамп добил известување за тоа, но не одобрил да се преземат мерки како одговор на таквото однесување на Русија.

Треба да знаете
Последни објави