Search

Белата куќа ги повика Косово и Србија да работат на взаемното признавање

Белата куќа ги повика Косово и Србија да ја остават на страна екстремистичката реторика и да работат на договор што се фокусира на меѓусебното признавање.

Во изјавата по повод 20-годишнината од завршувањето на кампањата на НАТО, портпаролката на Белата куќа Џуд Дир, ги повика Приштина и Белград да ги удвојат напорите за постигнување сеопфатен договор, фокусиран на взаемното признавање и веднаш да ги отстранат сите пречки што го отежнуваат напредокот, објави Гласот на Америка.

-Единствениот пат за подобра иднина е дијалогот меѓу соседите, кој има за цел нормализирање на односите и отворање на патот на Србија и Косово да ги завземат своите легитимни места во рамките на евроатлантската заедница, се наведува во соопштението на Белата Куќа, во кое се додава дека САД се „подготвени да помогнат во тој процес”, но дека „ Косово и Србија останува да го преземат следниот чекор”.

Треба да знаете
Последни објави