Search

Белами: Со ваква игра Погба не смее да се појави против Ливерпул

 Пол Погба не смее да биде дел од Манчестер Јунајтед за дербито против Ливерпул в недела на „Енфилд”, одени Крег Белами по синоќешниот пораз на „Црвените ѓаволи” од Валенсија.
Англичаните загубија со 1:2 и ја пропуштија шансата да завршат први во групата, откако во вториот натпревар Јувентус неочекувано претрпе пораз од Јанг Бојс.
На дуелот со Валенсија Французинот се врати меѓу стартерите, но одигра лошо.
– Погба беше повторно слаб. Јасно е дека Мурињо не може да го извлече најдоброто од него. Играчот покажува дека не е заинтересиран и неговата игра против Валенсија беше загрижувачка. Не сум сигурен дали е толку добар како што мислат многу луѓе. Следи многу важен натпревар в недела, најголемиот во Премиер лигата. По ваквата игра, сепак, за него едноставно нема место во тимот и тој мора да остане на клупата. Изгледа како да назадува. Постојано се истакнува дека тој е светски шампион, но тој не покажува дека оди напред во големите натпревари, изјави Велшанецот, кој е поранешен фудбалер на „црвените”.
Треба да знаете
Последни објави