Search

Бектеши: Училиштата на регулиран пазар за непречено одвивање на наставата

„Основните и средните училишта на територијата на цела држава, ќе бидат на регулиран пазар, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на општините. Ова значи дека создаваме услови за непречена настава со пониска цена на електрична енергија, за разлика од берзанската цена, која е висока поради воената агресија врз Украина и недостигот на енергенси. Дополнително, сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската”, рече министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата 360 степени на Алсат телевизија.

„Сето ова не може да има негативно влијание бидејќи основните и средните училишта ќе се пласираат на регулираниот пазар, но клиниките и болниците воопшто ќе се снабдуваат од ЕСМ, која се занимава и со трговија со струја по цени кои се достапни за нормално функционирање на клиниките. Општата производна цена на ЕСМ во моментов е некаде околу 70 евра за мегават час, а сигурно и основните училишта и средните училишта ќе се субвенционираат по иста цена од Владата, тоа важи и за клиниките и за болниците, а во иднина сигурно и за други институции кои, како што истакнав, се од особено значење за нормалното функционирање на нашата држава”, рече Бектеши.

Државата мора да обезбеди напречно функционирање на сите основни функции, на здравствениот систем како и на безбедносниот систем е ставот на Владата.

Бектеши подвлече дека сите ние како општество и граѓаните мора да штедиме електрична енергија.

„Сите ние како граѓани, како општество ќе се обидеме да заштедиме струја, со заштеда на струја се намалува притисокот врз ЕСМ да ги произведува количините што ги троши регулираниот пазар, ова е дополнителен начин за поддршка на основните и средните училишта”, рече Бектеши.

Треба да знаете
Последни објави