Search

Бектеши: Сите сектори кои се предвидени со Закон можат да добијат статус на стратешки инвеститор

До Владата и до надлежните министерства веќе се пристигнати неколку апликации од потенцијални стратешки инвеститори. Сите сектори кои се предвидени со Закон можат да добијат статус на стратешки инвеститор, а секој инвеститор што ќе го добие ваквиот статус нема да добие поголема помош од тоа што е предвидено во Законот за државна помош, само што ќе се забрзаат процедурите за реализација на вакви крупни проекти во земјава, појасни денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Секако тоа треба да биде потврдено од страна на пратениците во моментот кога ќе го доставиме предлог-договорот. До Владата и до надлежните министерства веќе се пристигнати неколку апликации од страна на потенцијални стратешки инвеститори чии апликации треба да ги разгледа Комисија која е предвидена во Законот, во која главно членуваат надлежните министерства. Откако ќе ги потврди и ќе се направи договор кој согласно со Законот е предвиден да биде лек-специјалис треба да биде утврден од страна на Собранието. Во моментот кога Собранието ќе го утврди тој договор, тогаш инвестицијата би можела да продолжи и во Законот е предвидено дека не може да надмине висината од Законот за државна помош која е усогласена целосно со ЕУ, појасни Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Според него, не може да има злоупотреба и некој неправилно да се стекне со статусот стратешки инвеститор, имајќи во предвид дека секој договор што Комисијата ќе го утврди како лек-специјалис закон треба да биде потврден од страна на пратениците во Собранието и во зависност од областите за што е аплицирано ќе учествуваат и  градоначалниците на општините каде што ќе биде предвидена инвестицијата и тие таа инвестиција би требало да ја поминат на Совет,  по што договорот се враќа во Владата  која има право како надлежна институција да го потпише.

-Има неколку фази што треба да се поминат, а дополнително на тоа на веб-страницата на Владата ќе се објават сите стратешки договори и јавноста ќе има прилика да ги види договорите и колку инвестиции предвиделе инвеститорите во нивните инвестициски планови и со тоа да процени дали сме донеле соодветна одлука или не, потенцира Бектеши.

Треба да знаете
Последни објави