Search

Бектеши: Кафулињата со тераси ќе може да работат само до 20 часот

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција, коментирајќи ги мерките и препораките кои се бараат од угостителите пред утрешното повторно започнување со работа на овие дејности рече дека не мора повеќе од двајца посетители седнати на една маса да се од исто семејство.

– Одлуката е само за отворање на тие угостителски објекти со надворешни тераси. Според протоколите, ќе се гледа на начинот на организирање на просторот и дезинфекцијата, како и однесувањето на клиентите и дистинцата на масите од 10 метри квадрати. Што се однесува до членови на семејства или не, нема таква одлука за тоа, рече Бектеши.

Според Бектеши, шпекулација е тоа дека само најмногу до двајца ќе можат да седат на иста маса доколку не се од исто семејство. Претходно од асоцијацијата на угостители реагираа дека нелогично е на една маса ќе можат да седат само двајца ако не се од исто семејство, а четворица би можеле да седат само ако се од исто семејство и практично тоа за нив ќе значи бркање на муштериите.

Треба да знаете
Последни објави